Бомбастично најавуваниот протест на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“ очигледно доживеа фијаско. Од фотографијата може да се види дека на денешниот собир организиран од Социјал демократскиот сојуз пред Министерството за образование се собрани едвај 40 луѓе.
Под мотото Немате оправдувања, покачете ги платите, СДСМ организираше протест пред Министерството за образование и наука барајќи зголемување на платите на наставниците. Петре Трајковски рече дека го бараат само тоа што им следува со закон, додаде дека имале и притисоци.

Протестот е организиран, како што најавија од СДСМ, со барање да се покачат платите во образованието, но очигледно партијата и лидерот Венко Филипче немаат поддршка од работниците.
Паралелно со протестот, прес-конференција одржа министерката за образование Весна Јаневска. Таа рече дека е на страната на наставниците, но покачувањето на платите дека е планирано за 2025 година. Таа додаде дека протестот на наставниците е организиран од партија која кога била на власт не обезбедила фондови ниту за исплата на платите а уште помалку за нивно покачување.
Дека СДСМ не добива поддршка од никого, покажа и денешната изјава од првиот човек на СОНК Јаким Неделков кој кажа дека наставниците нема да штрајкуваат.
- Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно – вели Неделков за Радио Слободна Европа.





