Филков: Одговорност за сите инволвирани во трагедија во Кочани

 

„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи“ , изјави министерот за правда Игор Филков кој изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотеката „„Пулс“ во Кочани.



„Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, порача министерот за правда.