Татко во расправија си го убил синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми.
Според информациите се работи за семејство кое живеело во населбата Блок 70.
Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство во кое таткото го убил синот.
Според првите информации, се сомнева дека таткото со ловечка пушка го убил синот.
Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.
Полицијата е на местото на настанот и ги истражува причините за убиството.
Според податоците, на инцидентот му претходела вербална пресметка. Жртвата има 46 години, додека мажот кој пукал има 70 години.
Филицид се нарекува инцидент во кој татко убива син или ќерка.
Поврзана содржина
Голема трагедија во Скопско
Нуркачите на МВР ги бараат четирите скопјани кои исчезнаа во Вардар





