Откако и официјално ја презеде претседателската функција во Социјалдеморкатскиот сојуз на Македонија од екслидерот Димитар Ковачевски, новиот партиски лидер Венко Филипче денеска го одржа првиот редовен координативен состанок со пратеничката група на СДСМ во Собранието.
Со оваа средба, посочуваат од СДСМ, се означува почетокот на новото политичко дејствување на партијата, кое во Собранието ќе биде силно и организирано.
Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните“, рекол новоизбраниот претседател на СДСМ.
На средбата со пратеничката група на социјалдемократите, новиот лидер разговарал и за актуелните законски решенија кои ги предлага Владата и предлозите на кои работи СДСМ и кои ќе ги достави во Собранието. Во соопштението во кое информираат за состанокот, од партијата посочуваат дека ќе делјствуваат конструктивно и будно ќе ја следат работата на Владата и законите кои таа ги предлага.
https://www.facebook.com/share/VoTv5pBqRb4A5fNB/?mibextid=WC7FNe







