„Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бидат од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари“ изјави вчера екс-министерот за здравство и носител на листата на СДСМ во Изборна единица 4.
„Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите“ рече тој.
При вчлерашната посета на Кавадарци Филипче рече дека во тамошната болница во изминатите 4 години се направени големи вложувања, но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.






