Фондот за здравство соопшти дека во целост ја поддржува работата на надлежните институции и дека ги обезбедил сите потребни информации за спроведување на истрагата во врска со објавата на државното Јавно обвинителство за започнување истрага поврзана со измами со т.н. „брзи кредити“ и за поведување кривична постапка против едно службено лице во ФЗОМ.
Од таму уверуваат дека се работи за изолиран случај кој, како што велат, нема да влијае врз угледот и професионалноста на институцијата.
ФЗОМ ја изразува својата решителна заложба за нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови, соопшти Фондот.
Брзите кредити ги сотреа граѓаните, осомничени 43 луѓе дека правеле измами






