„Али Ахмети во никој случај нема да им даде 6 општини на Арбен Таравари и на луѓето блиски до него, од неговиот најблизок круг.“ – изјави вицепремиерот Арбен Фетаи од Вреди. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.
„Алијансата за Албанците не ја напушти Вреди, туку од АА и Вреди дезертираа мала група луѓе, кои се дел од кругот на Арбен Таравари, поради пазарењата за општините.
Можеме да зборуваме со име и презиме, со конкретни општини, околу тоа за кои општини и кои кандидати се шпекулира дека Али Ахмети му рекол на Арбен Таравари оти ќе им препушти. Но, поради овој неуспех, поради ова фијаско, што го претрпеа, и со оглед на огромната мобилизација на структурата на АА, падна во вода договорот меѓу Ахмети и Таравари. Ахмети во никој случај нема да им ги даде шест општини на Таравари и на луѓето од неговиот најблизок круг.“
Home Македонија Фетаи: Поради огромната мобилизација на структурата на АА, пропадна договорот и Ахмети...






