„Комитите сочинуваат важен дел од македонската национална самосвест, но и УЧК е највозвишена вредност на албанскиот народ. Погрешни се претставите со униформирани и вооружени деца, независно на припадноста, или на историографијата.“ – ова е реакцијата на заменик-премиерот Арбен Фетаи по информацијата дека во едно од училиштата во Челопек, Тетовско, Денот на знамето – 28 ноември е одбележан со претстава, во која учениците се појавија со оружје и со униформи на УЧК. Ова го објави ТВ 21.
Телевизијата го пренесува и другиот дел од ставот на вицепремиерот Фетаи: „УЧК ја претставува жртвата за рамноправност, правда и достоинство. За Албанците УЧК е симбол на напорите за градење поправично општество ина држава, во која секој граѓанин ќе биде рамноправен и почитуван





