„Вицепремиерот Арбен Фетаи најави дека законот за правична и соодветна застапеност е во завршна фаза на подготовка. Тој појасни дека тоа ќе се направи преку решение, усогласено со владините партнери Вреди, ВМРО ДПМНЕ и Знам. Фетаи нагласи дека овој закон се стреми сд најде решенија, кои не ги понудил балансерот.“ – објави ТВ 21.
Телевизијата ја цитира изјавата, која Фетаи ја даде во овој контекст: „Законот за правична и соодветна застапеност, за кој ќе разговараме на следната средба на работната група на владината коалиција, има за цел да обезбеди конкретни законски решенија, контролни механизми, механизми за спроведување, како и механизми за казнување, таму каде што нема да биде спроведуван во институциите. Не сакам да навлегувам во детали околу околу механизмот на законот. Само ќе кажам дека сме во завршна фаза на подготовката на тој закон. Се надевам дека ќе постигнеме конечен договор и согласие во владината коалиција.“





