„Пациентите’ од ДУИ живеат со страв да не им се отворат други случаи, зашто едниот од ДУИ избега, а другиот стана жител на Шутка!’ – ова е реакцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи од Вреди кон Бујар Османи од ДУИ, кој истакна дека е ‘одвратен и длабоко неморален нападот врз адвокатите само затоа што бранеле други личности’. Османи алудираше на изјавата на Фетаи дека адвокатите на Мијалков и Груевски го бранат поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.“ Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“
Порталот ја пренесува објавата на Арбен Фетаи на општествените мрежи: „Отсекогаш сме велеле: ДУИ во опозиција паѓа како кула од карти. И точно тоа се случува сега.“
„Едниот избега како Груевски.“
„Вториот стана жител на Шутка.“
„Другите ‘пациенти’, колку и да затвораа некои случаи додека беа на власт, сега живеат во страв да не им се отвори друг случај!“





