Се му одеше на црвено црниот табор во овие први 90 минути во Скопје. И гол рано, во вистинско време, и грешки на Турците, и страшна одбрана, и расположен голман, па и сета фортуна што вечерва лебдеше над нашиот главен град.
Во првиот момент кој ќе остане за паметење Тигран Барсегјан во 20 минута е концентриран да го искористи киксот или бавноста на стоперите на Фенербахче. Одличен удар за 1-0 и тоа по период на целосна доминација на Турците. Водството концепциски не смени многу, Чеде Јаневски остана на првичната определба да му се даде средината на фаворитот и да се браниме во потесниот простор пред Гачевски. Но и тој беше спектакуларен во два наврата. Еднаш при шутот на Дирар, втор пат по ударот на Потук.
Во вториот дел сликата на Филип втори не се менуваше, но впечаток е дека ние контролиравме. Наградата за полната концентрација која е плод на желба, нели, ја испорачаа Топал и Камени во 90 минута. Халфот го префрли голманот за 2-0 и за огромна радост на трибините. Патем имаше и по еден црвен картон на двете страни (Грнчаров и Соуза), но тоа не ја менува конечната оценка дека Вардар се надмина себе си и дека заслужено слави.
https://youtu.be/JnmfypU0JHQ





