Фатени шверцери со прехранбени производи од Македонија за Косово

Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека на 25 февруари во околината на село Танушевци, Скопско, фатиле комбе со косовски регистарски ознаки, кое се движело во правец на границата со Косово.



Откако полицијата забележала, две лица го напуштиле комбето и заминале кон границата со Косово.

„При контролата во возилото се пронајдени 180 пакувања со по 11 килограми прехранбени производи кои биле без соодветна документација. Возилото со производите е одземено и предадено за понатамошна постапка“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи на Македонија. Телеграфи