Фактор“: Граѓаните на Македонија најмногу јадат леб! – Еден граѓанин „витка“ по 70 килограми годишно, а едно семејство 255 килограми!

„Статистиките досега покажаа дека Македонците најмногу јадат леб, односно едно семејство годишно во просек троши по 255,6 килограми. Според претходен податок, еден граѓанин  во Македонија јаде по 70 килограми леб годишно!“ – се нагласува во анализата, објавена во „Фактор“.  



Покрај другото, во анализата натаму се изнесува: Нутриционистот Емилија Спасовска-Мојсовска вели дека лебот често се означува како главен виновник за зголемување на тежината. Таа укажува дека не е лебот сам по себе причина за дебелината, туку главно вишокот на калориите, внесени во организмот и лошиот избор во исхраната. тежината. Според Спасовска-Мојсовска, доволни се една до две кришки леб дневно, но зависно и од исхраната, според возраста, активноста и здравствената состојба.

Според Државниот завод за статистика, освен многу леб, Македонците пијат и големи количества газирани сокови.