Фаворит за иден шеф на држава членка на ЕУ и НАТО го нарече Макрон диктатор

Фаворитот за иден шеф на романската држава која е членка на ЕУ и НАТО го нарече Макрон диктатор на Француска телевизија.



Џорџ Симион, кој победи во првиот круг од изборите во Романија и е во водство во анкетите за победа и го вториот круг, на француската телевизија го нарече Макрон „диктатор“ осудувајќи го притоа „огромното“ мешање на Франција во изборите во Романија.

Симион кој важи за проруски политичар се огради од лоши зборови за францускиот народ но остро го нападна претседателот Макрон.

„Ја сакам Франција. Ми се допаѓа француската култура. Го сакам францускиот народ, но не ми се допаѓа диктатурата на Емануел Макрон.

Франција се вмеша во романските избори и францускиот амбасадор, по наредба на Емануел Макрон, разговараше со претседателот на Уставниот суд, оној кој ги откажа изборите во Романија. Францускиот амбасадор беше на турнеја во последните недели во сите региони во Романија за да ги убеди романските бизнисмени и институции да го поддржат спротивниот кандидат, градоначалникот на Букурешт…

На прашање дали Симион тврди дека имало мешање од страна на Емануел Макрон во романските избори, фаворитот за иден романски претседател потврдува:

,,Да, огромно! [Мешање] Тоа е многу сериозно. Ние не сме Иран. Ние не сме земја каде што има ајатоласи кои велат кој може да биде кандидат, а кој не.“

Како ќе соработуваат двете членки на ЕУ и НАТО доколку победи Симион и стане претседател засега никому не е јасно.

Видеото на линкот

https://x.com/RnaudBertrand/status/1923580233518809538?t=LSx16tS1ZP7SZapmOqvC5A&s=19