Тренерот на Вардар кој го предводеше македонски првак до пехарот во Лигата на шампионите, трофејот во СЕХА лигата и титулите во домашниот шампионат и Купот сосема заслужено го освои првото место во конкуренција на Николај Јакобсен, Веселин Вујовиќ, Кристијан Берге и Дидие Динар.



Раул Гонзалез во изборот освои 44 насто од гласовите, втор со 29 е предводникот на Рајн Некар Левен, Николај Јакобсен додека трет со 13 е тренерот на Копер и селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ.

Пред неколку дена Арпад Штербик од истиот медиум беше избран за најдобар ракометар во 2017 година.