Уште еден македонски граѓанин уапсен во Грција

Дваесет и три годишен македонски државјанин е уапсен во Грција на 18 октомври под обвинение за шверц со мигранти.



Македонскиот државјанин е уапсен рано изутрина во средата на автопатот Александрополис – Комотини од страна на граничната полиција во реонот на Александрополис.

Во неговото возило биле пронајдени 6 илегални мигранти од кои 5 биле од Пакистан а еден од Бангладеш.

При апсењето биле одземени два мобилни телефони и возилото  по што возачот бил изведен пред јавниот обвинител а мигрантите се сместени во камп за бегалци.

Во последниве 5 месеци најмалку 5 македонски државјани се уапсени во овој дел од Грција во обид да прошверцуваат мигранти кон Македонија или Бугарија.

Цените за илегален трансфер преку Грција се движат од 500 до 2000 евра по мигрант поради што голем број македонски државјани ризикуваат да бидат изведени пред грчките обвиннители за шверц со мигранти.