Александар Бајдевски, актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација, денеска во седиштето на СДСМ поднесе кандидатура за претседател на оваа партија, јави „Фактор“.
Вчера кандидатури поднесоа Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Венко Филипче.
Денеска е последен ден од рокот за поднесување кандидатури, а изборите се на 30 јуни.