Учебниците за VII и заедничките чествувања беа тема на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија

Предлог-препораки за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања беа тема на средбата  Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што во ретходните два дена се одржа во Софија.



Според претседатлот на македонскиот дел од тимот проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, средбата поминала во работна и конструктивна атмосфера, по прашања од делокругот на работата на Комисијата.

По однос на овие теми двете страни низ една динамична дискусија ги соочија своите ставови, при што не беше постигнат напредок, јави Фокус.

Претходната средба за заедничката историска комисија се одржа во февруари годинава во Скопје.

Следниот состанок на македонските и бугарските историчари предвидено е да се одржи Скопје во јуни.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.