Утре ќе се бира претседател на Судскиот совет

Судскиот совет утре ќе избира нов претседател.
Оставката на поранешната претседателка Весна Дамева следеше по серија на контроверзии и обвиненија за недостаток на поддршка од извршната и законодавната власт.
Првиот човек на Судскиот совет и неговиот заменик се бираат од членовите со право на глас, откако Уставниот суд во март 2023 го укина ограничувањето тие да се избираат само од редот на членовите избрани од Собранието.
Изборот претходно беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.