Home Македонија Утре прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „ВРЕДИ“

Утре прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „ВРЕДИ“

Првата средба меѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди најверојатно ќе се одржи утре, брифираат албанските опозициски партии за Канал 5.

Неофицијално веќе се екипирани и тимовите кои ќе ги водат преговорите, но засега нивните имиња не се соопштуваат, иако како што беше највено по средбата помѓу лидерите, коминикацијата ќе продолжи на ниво на потпретседатели, заменици и партиски секретари.



Во пресрет на разговорите Арбен Тараври од Вреди во интервју за ТВ 21 повторно го спомна рокот од 6 месеци за усвојување на уставните измени, но не како услов. Најави дека ако дотогаш нема придвижување, ќе го преиспитаат учеството во Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Мицкоски за преговорите за владината коалиција во пост-изборно интервју јасно порача дека нивниот став за уставните измени останува непроменет.

„Не прифаќам таков тип на ултиматум. Што ќе се случи ако ние поставуваме ултиматум, треба да влеземе во политичка криза, држвата да не оди напред и да ги држиме граѓаните во заложништво, тоа ли треба да се случи? Или да направиме ние влада со 65 пратеници – демократијата вика кои има 61 пратебник тој прави влада. Јас сум убеден дека ние ќе разговараме врз основа на пратенрство, а не на основа на ултиматуми“, рече Мицкоски во „Само Интервју“.