Се најавува повторно бојкот на маркетите поради високите цени. Дали поддршката на министерот Бесар Дурмиши, но и на Владата, за бојкотот на граѓаните на маркетите е клучен механизам во справување со високите цени или имаат конкретни механизми, Дурмиши рече дека наскоро ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи.

Се очекува Пазарниот инспекторат до крајот на оваа недела да ги заврши шестмесечните контроли во кои се вклучени дистрибутерите, снабдувачите, производителите и трговците. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека утре или во понеделник ќе ги соопшти мерките што ќе ги преземе владата за цените на основните прехранбени производи.
- Легитимно право на граѓаните е да бојкотираат, ние ги разбираме и ги поддржуваме во оваа иницијатива, некои трговци ги зголемија цените, оштетувајќи го буџетот на граѓаните или семејствата, во тој случај ги зголемија цените без никаква причина или логика или економска основа. Пазарниот инспекторат е на терен, увидот ќе заврши многу брзо, а многу брзо по контролите ќе ве информираме за чекорите што ќе ги преземеме како Влада, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, покажала анализата на Сојузот на стопански комори на Македонија.
- „Маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промена на цените се случува поради промените на цените на производителите или добавувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите. Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостаток на производи.“ – велат од ССК.
Претходниот бојкот на маркетите резултираше со скоро 47 проценти намален промет на осумте најголеми ланци во земјава.





