Утре пензионерите ќе добијат покачени пензии

Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.



Пензионерите кои добиваа 20.000 денари месечно како пензија, ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така, оние кои примале пензии во износ од 40.000 денари, сега ќе добиваат 42.500 денари месечно.

Директорот на фондот за пензиско во изјава за ТВ Сител вели дека ако се задржел стариот модел со процентуална корекција на пензиите, зголемувањето би било незначително.

„Доколку сега се одеше со усогласување со таа иста методологија, согласно заводот за статистика, покачувањето ќе беше од само 4%. За минималната пензија, доколку имаше усогласување од 4%, зголемувањето на пензиите ќе беше за 528 денари, а за пензионерите што земаат 40 илјади денари, зголемувањето би било околу 1.600 денари“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ

Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.

Извор: https://sitel.com.mk/penzionerite-utre-kje-dobijat-povisoki-penzii-za-2500-denari