Уставниот суд остана без еден судија кој бил избран надвор од законот стои во одлуката на Управниот суд со што освен што ќе мора да се повтори постапката за избор на нов судија најверојатно ќе биде одложен и предметот за законот за албанскиот јазик однос за Законот за јазиците како што официјално се нарекува.
Според пресудата на управниот суд се поништува одлуката за избор на членот на Уставниот суд, Елизабета Дуковска, донесена на 10.04.2023 од Собранието на Македонија, а по предлог на Судскиот совет.
Управниот суд констатирал дека Судскиот совет не ја испочитувал законската процедура при утврдувањето на предлог за член на Уставниот суд.
За незаконскиот избор на Дуковска било предупредено и во Судскиот совет кој знаел дека се крши законот но и во Собранието каде пратениците на СДСМ и ДУИ се оглушиле на предупредувањата дека Дуковска се избира контра законските процедури.
Одлуката на Управниот суд да го поништи именувањето на Елизабета Дуковска за уставен судија, ја отвара дилемата дали ќе се одложи одлуката за Законот за јазиците?
Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска, која е судија-известител за предметот за Законот за употреба на јазиците, објави „Алсат“.
Одлуката е одобрена вчера, а според пресудата што ја објави телевизијата, таа стапува во сила веднаш. Дуковска беше избрана за судија во Собранието на 10 април 2023 година, а шест месеци по нејзиниот избор, Антоанета Димовска, членка на Судскиот совет која се противеше на именувањето на Дуковска за уставен судија, поднесе тужба.
Укинување на изборот на уставната судијка се случува на еден месец пред одржување на подготвителната седница во Уставниот суд околу Законот за употреба на јазиците. Повлекувањето на Дуковска од судската функција може да отвори можност да се одложи одлуката за овој закон, со оглед на тоа што Уставниот суд претходно има одобрено заклучок дека за овој предмет ќе одлучува целосниот состав на Уставниот суд.
Претседател на Судскиот совет во моментот кога е предложена Дуковска за уставен судија е фамозната Весна Дамева.
Дамева сега е дел од друг скандал откако се открива дека судии кои му суделе на нејзиниот сопруг подоцна станувале судии во Апелационен суд а таа како член или претседател на Судскиот совет гласала за изборот.
Ова го откри вчера еден од засегнатите во случајот Скопски пазар
Неверојатно сведочење за начинот на кој функционира македонската ,,правосудна мафија”






