Големиот комичар и актер, Робин Вилијамс почина на 11. август 2014. година во 63. година. Тој се обесил во својата соба со каиш. Неколку часа пред неговата смрт, Вилијамс ги стави своите пари и часовници во чорапи и му ги однел на еден пријател на чување. Аутопсијата покажа дека кај Робин е дијагностицирана деменција како резултат на што, тој страдал од несоница и анксиозност. Тој бил параноичен и се борел со депресија. Во октомври 2013. година, кај него беше дијагностицирана Паркинсоновата болест во почетна фаза.
“Сигурен сум дека тој беше уморен од сe низ што минуваше, а дијагнозата за Паркинсоновата болест веројатно ја прели чашата и тој повеќе не можеше да издржи” рече неговата сопруга Сузан Шнајдер.

Иако неговата ментална и физичка состојба се влоши, Вилијамс и во последните месеци од животот, како и секогаш, сакаше да им помогне на сиромашните и болните.
Само неколку месеци пред да си го одземе животот, преку видео разговор ја запознал сериозно болната Новозеланѓанка Вивијан Вачер (21), на која една од најголемите желби и била да го запознае Робин. Тој ја слушнал оваа вест и веднаш ја исконтактирал. Во една друга прилика, го посетил 13. годишното девојче, Џесика Кол, која умирала од рак на мозокот. Тој помина со неа цел ден, во играње карти и гледање фудбал.
Покрај тоа што беше одличен актер, како што велат и неговите колеги Мет Дејмон и Бен Афлек, Вилијамс беше и извонреден комичар, и тој беше познат и како докажан импровизатор.

Робин за време на стенд ап турнеите често шмркал кокаин и консумирал алкохол. Зависноста му била развиена уште во седумдесеттите и осумдесеттите години. Кога неговиот пријател Џон Белучи почина од предозирање во 1982. година, Вилијамс падна во депресија, но се посветил на “одвикнувањето” од дрога и алкохол. Во голема мера му помогнал велосипедизмот во кој тој се вљубил.
Во почетокот на 2000. година, актерот почнал да пие, и во 2006 година се пријавил во центар за лекување на зависност од алкохол. Тој подоцна изјавил дека почнал да пие само затоа што не сакал да се врати на кокаинот. По некое време откако го оставил алкохолот, тој повторно “посегна” по него и повторно побара стручна помош во 2014. Од тогаш па се до неговата смрт, тој бил сосема трезен.




