Најжешките фанови на клубот од Санк Петербург на мечот со Ростов кој, патем заврши 0-0 понудија спектакуларна кореографија кој всушност е сцена од една од големите битки и победи во неколку пати обновуваните руско-турски војни. Во конкретниот случај навивачите потсетија на Шипченската битка во која била ослободена голема територија на Русија, нo и неколку други држави како Чехија, Моравија, Романија, Унгарија.



140 метарскиот транспарент претставуваше репродукција на познатата слика на рускиот уметник Алексеј Попов од 1883 година, наречена “Заштитата на Орловото гнездо”, која е составен дел од учебниците по историја. Над неа беше напишан и текст од псалтирите.