Познатата двојка Руни неколку недели ги полни англиските и светските таблоиди со нивните љубовни проблеми. Пијанството на Вејн во друштво на 29 годишна старлета сериозно го потресе нивниот брак, а лутата Колин сега бара познатиот играч на Евертон да се одмори од фудбалска кариера.
Во средината на скандалот тие беа затечени и немаа можност да заминат некаде сами и да разговараат за тоа што ги снајде. Колин сега чувствува дека им треба одмор од сè. Покрај тоа, Вејн Руни во моментов е во многу лоша состојба и тоа се рефлектира на неговата игра и формата на терен.

„Ако Вејн сака да го спаси својот брак, време е да го стави фудбалот на второто место“ изјави извор близок до сопругата на познатиот фудбалер Вејн Руни, Колин.




