Home Популарно Украинска ултрадесничарска политичарка застрелана во главата

Украинска ултрадесничарска политичарка застрелана во главата

Непознато лице пукало во поранешната пратеничка во украинскиот парламент и ултрадесничарска политичарка Ирина Фарион.

60-годишната жена е хоспитализирана со критична повреда на главата од огнено оружје, соопшти украинската национална полиција.



Иако полицијата не го открива нејзиното име, Zaxid.net повикувајќи се на неименувани извори, пишува дека жртвата е Ирина Фарион.

Информацијата за застрелувањето на Ирина Фарион ја потврди портпаролката на ВО „Свобода“, Христина Рављук. Подоцна оваа информација ја потврди и полицијата на Лавовската област.

„Во 19 часот и 30 минути на телефонот 102 е пријавено дека непознат маж пукал во случаен минувач на улицата Масарикова во Лавов. Органите на редот ја идентификувале повредената, 60-годишна жена од Лавов. Таа е хоспитализирана со прострелна рана во главата“, се вели во полицискиот извештај.

Од болницата соопштија дека жртвата е во критична состојба на интензивна нега. Поради медицинска доверливост, се уште не се објавени детални информации за нејзината состојба.

Во Лавов и на територијата на регионот се спроведува специјална полициска акција во која се вклучени вработени во сите служби и единици на полицијата на Лавовската област. Органите на редот ги преземаат сите мерки за утврдување на локацијата на напаѓачот и негово приведување.

Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.

Во јуни 2024 година, таа повторно стана професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.

Украинската служба за безбедност (СБУ) во ноември 2023 година објави дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за објавувањето на пораката од Хлебов.