На социјалните мрежи кружи видео од руски разузнавачки дрон како демне украински рибарски брод во близина на Херсон.



На видеото се гледа како рибарот ја фрла рибата што штотуку ја фатил кон дронот и го удира. Не успеал да го собори, но после тоа дронот побегнал.

Снимката беше објавена на Телеграм и брзо се рашири низ Интернет.

„Понекогаш се случува и ова…Иако ударот беше прецизен, дронот продолжи да лета“, коментира Јуриј Бутусов, главен уредник на порталот Censor.Net.