Украина ќе мобилизира уште 160 илјади мажи во следните три месеца

Киев ќе регрутира уште 160.000 војници во следните три месеци, според изјавите на пратениците и медиумите.



Говорејќи во парламентот денеска, украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко рече дека „1,05 милиони граѓани се регрутирани во одбранбените сили“ откако ескалираше конфликтот со Русија во февруари 2022 година.

„Наша цел е да повикаме уште 160.000 лица, што ќе ни овозможи да пополниме воени единици со персонал до 85 проценти“, рече тој, истакнувајќи дека оваа информација доаѓа од Александар Литвиненко, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Набргу потоа АФП објави дека овие војници ќе бидат повикани во следните три месеци, повикувајќи се на неименуван „безбедносен извор“.

Украинските вооружени сили имаа околу активен персонал од 250.000 војници на почетокот на 2022 година, бројка што брзо се зголеми откако претседателот Владимир Зеленски нареди мобилизација на резервисти и им забрани на военоспособните мажи да ја напуштат земјата.