Украина ќе мобилизира и жени да војуваат против Русија!?

Украинскиот парламент ги направи првите чекори кон мобилизација на жените во војната со Русија, изјави украинскиот пратеник Дмитро Разумков.



Разумков рече дека законот донесен на 3 декември содржи одредба која им дозволува на жените кои ги исполнуваат здравствените и возрасните критериуми да се приклучат на армијата како резервисти и да поминат основна воена обука, објави украинскиот портал Страна њуз.

Според сегашниот украински закон, во војска се регрутираат мажи над 25 години.

Белата куќа ја притиска Украина да мобилизира 18-годишници за да има доволно трупи против Русија

Досегашниот Закон им дозволува на жените да волонтираат, но тие не мора да се мобилизираат.

Украинската пратеничка Маријана Безухлаја силно ги поддржува промените:

„Во нашиот Устав нема два вида граѓани. Во моментов постои незаконска дискриминација на мажите. Освен тоа, ако се мобилизираат жени, ќе се мобилизираат помалку мажи – тоа е една од причините зошто вие, мажи, ја поддржувате мобилизацијата на вашите сограѓани, рече таа.

Безухлаја предложи жените првично да се мобилизираат за задни позиции, како што се административни службеници, кадровски службеници и улоги во безбедносните единици, за да може мажите да бидат пренасочени на борбени позиции на првата линија.

Војната не треба да биде одговорност само на избраните“, напиша Безухлаја. Особено кога станува збор за опстанокот на една нација и правото на живот, а не само за територија или сфера на влијание.

Таа додаде дека без општ национален отпор Украина не може да постигне победа и заклучи: „Без мобилизација на жените ќе биде тешко да се реши овој хаос во редовите на нашата армија“.