Украина нема обврска да ја брани Данска ако САД се обидат со војна да го земат Гренланд

По информациите дека Украина согласно договорот за воена соработка во одбраната со Данска има обврска да ја брани ова држава ако САД се обиде со војна да го заземе Гренланд Центарот за стратешки комуникации за информациска безбедност открива дека се работи руска лажна информација.



Русија рашири лажна дека Украина и Данска потпишале безбедносен договор, според кој Украина треба да ја брани данската држава во случај на американски напад. Меѓутоа, во документот не се споменува ништо такво, пренесува Центарот за стратешки комуникации за информациска безбедност (СПРАВДИ).

Вчера низ светот се појавија информации дека Украина наводно ќе биде обврзана да ја брани Данска доколку САД решат да го заземат Гренланд со воени средства. Тоа е наводно затоа што земјите потпишале договор за безбедност на 23 февруари 2024 година. Но, оваа информација е лага и ја шират руските медиуми.

Центарот потврди дека земјите навистина потпишале договор за безбедност. Сепак, тоа се однесува на заштитата на Украина од руска агресија, а не на обврската на Киев да ја брани Данска од вооружениот напад на САД.

„Данска ќе продолжи да прави напори за подобрување на капацитетот на вооружените сили на Украина да се бранат од руската агресија сега, како и да ја одврати понатамошната агресија во иднина и да ја зајакне компатибилноста со стандардите на НАТО“, се вели во договорот.

Исто така, во посебен параграф се наведува дека „Украина ќе се погрижи данската воена помош да се користи исклучиво за самоодбрана на Украина.

Неодамна избраниот американски претседател Доналд Трамп ја оживеа темата за купување на Гренланд, што беше идеја за време на неговиот прв мандат. Меѓутоа, Данска тогаш одби, велејќи дека островот е нејзина територија и дека не може да се продаде.

Пред некој ден, по новите разговори за купување на островот, данското Министерство за надворешни работи соопшти дека Гренланд може да стане независна земја доколку жителите го изберат тоа, но не и нова американска држава.

Вчера шефицата на данската влада Мете Фредериксен изјави дека сака да разговара со Трамп.

Фото: Социјални мрежи на украинскиот претседател