Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори со ЕУ

Дваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ. Земјите-членки на Европската унија ги усвоија преговарачките рамки за Украина и Молдавија, со што се создадени услови за почеток на пристапните преговори, објави денеска белгиското претседателство.



– Советот на ЕУ ја усвои преговарачката рамка за пристапните преговори со Украина и Молдавија. Со тоа се отвора патот за почеток на преговорите во вторник на 25 јуни во Луксембург – соопшти белгиското претседателство, пренесе „Хина“.

На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела.