Убиени триесетина туристи во Кашмир

Околу 30 луѓе се убиени откако милитанти отвориле оган врз нив во индискиот регион Кашмир, јавуваат агенции.



„Бројот на загинатите сè уште се утврдува, па не сакам да навлегувам во детали“, соопштиглавниот министер на Џаму и Кашмир, Омар Абдула во објава на X.

Малку познатата група, „Кашмирски отпор“, ја презеде одговорноста за нападот преку порака на социјалните мрежи.

Тој изрази незадоволство што повеќе од 85.000 „странци“ се населени во регионот, што стимулира „демографска промена“. „Насилството ќе биде насочено кон оние кои ќе се обидат да се населат незаконски“, се вели во соопштението.
Ова е најлошиот напад врз цивили во проблематичниот регион во последните години.

Премиерот Нарендра Моди ја прекина посетата на Саудиска Арабија и се враќа во земјата.

Нападот се случи во Пахалгам, популарна дестинација во живописниот регион со мнозинско муслиманско население, кој привлекува илјадници посетители секое лето, бидејќи насилството на милитантите се намали во последниве години.

Регионот на Хималаите на кои и Индија и Пакистан полагаат право, делумно е управуван од двете земји по превирања од почетокот на антииндискиот бунт во 1989 година. Оттогаш се убиени десетици