Во САД е уапсен маж од Аризона кој наводно се заканувал дека ќе го убие Доналд Трамп.
Полицијата соопшти дека Роналд Ли Сивруд (66) во последните две недели му се заканувал на Трамп со смрт во објави на социјалните мрежи, пишува Би-би-си.
Минатиот месец Трамп беше поврден од куршум во обид за атентат на предизборен митинг во Пенсилванија.
Канцеларијата на шерифот на округот Кочиз соопшти дека заканувачот бил уапсен без инциденти.
Трамп го помина четвртокот во округот Кочиз, во посета на границата меѓу САД и Мексико, а на новинарско прашање за случајот рече:.
„Не, не сум го слушнал тоа, но не сум изненаден. Тоа е затоа што сакам да правам работи што се многу лоши за негативците“, рече Трамп.
Претходно овој месец, 66-годишен маж од Вирџинија беше уапсен под сомнение дека и упатувал смртни закани на Камала Харис.





