Уапсен насилникот кој „во живо“ пред камера тепа бремена жена

 

На вознемирувачкото видео кое кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на Тик-ток.



На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.

На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и ја тепа својата партнерка.

Според информациите од полицијата, постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена.

Против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.