Уапсениот градоначалник на Истанбул кандидат за претседател на Турција

 

Главната опозициска сила во Турција, Републиканска народна партија (ЦХП)вчера одржа партиски избори на кои  го номинираше градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу за претседателски кандидат на изборите во 2028 година.



Имамоглу, главниот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше единствениот партиски кандидат.

Градоначалникот вчера беше одведен во затворот Силиври, западно од Истанбул, заедно со неколкумина сообвинети за корупција.

Неодамнешното апсење на Имамоглу предизвика протести во Турција каде беа уапсени неколку стотици луѓе во девет градови.

Истанбул „на нозе“ во одбрана на уапсениот градоначалник Имамоглу (ВИДЕО)