Ова во синоќа го објави турското Министерство за трговија на платформата ‘Х’.



Мерките ќе бидат строго спроведувани се’додека Израел не дозволи континуиран проток на хуманитарна помош во палестинската енклава.

Израел реагираше револтирано: „Ердоган ги крши договорите блокирајќи ги израелските увозни и извозни пристаништа“, му одговори министерот за надворешни работи Израел Кац.

Одлуката дополнително ги влошува и онака високите тензии меѓу двете земји.

На почетокот на април, Турција веќе воведе ограничувања на извозот на некои стоки со кои се тргува со Израел.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано и остро ја критикува израелската воена операција во Појасот Газа и го обвини Израел за „геноцид“ врз Палестинците.

Израел, од своја страна, не ѝ дозволи на Турција да испорача хуманитарна помош во Газа по воздушен пат.