Пет лица, вклучително и двајца американски туристи, биле избодени за време на ужасниот напад со нож вчера во Амстердам, соопштија полицајците.
Сведоци открија дека слушнале продорен крик во избезумениот напад во четвртокот што се случи во близина на плоштадот Дам, кој е во срцето на холандската престолнина.
Но, млад човек го совлада осомничениот, соопшти холандската полиција, а пренесува Де Телеграф.
Портпаролката на полицијата не можеше да каже од која земја е и дали можеби има воено искуство.
И полицијата вчера ја нарече „херојска“ интервенцијата на граѓанинот.
Како што пишува De Telegraaf, човекот извршил т.н. апсење граѓанин, што, според портпаролката на полицијата во Амстердам, е дозволено доколку граѓанин биде сведок на кривично дело.
На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како младиот човек изведува „апсење“ на граѓанин.
Тој го легнал напаѓачот на земја и седнал врз него…






