Финалистот од последното издание на женската ракометна Лига на шампиони славеше убедлива победа од 29-21 на гостувањето кај Турингер за максимални 4 бода по две кога во групата Ц.



Неизвесност само во првите 10 минути, до резултат 6-6, по што црвено црните влегоа во силен ритам и брзо, уште до крајот на првото полувреме се издвоија и излезе, дека многу лесно ја завршија обврската. По споменатиот резултат скопјанки направија серија од 6-0 која со мали прекини траеше до крајот на воведните 30 минути кои беа заокружени со 19-11.

Во продолжението Турингер не можеше да се врати и само парираше да не доживее поголем пораз. Најдобри во соатавот на ЖРК Вардар беа Радичевиќ со седум постигнати гола и Пенезиќ, Лакарбер и Лекиќ кои дадоа по пет. Во следното, трето коло Вардарки повторно играат на гости и тоа кај Ларвик на 21 октомври.