Туристичките работници бараат посебно министерство за туризам

Туристичките работници сметаат дека треба да се формира посебно министерство за туризам кое, според нив, би ја подигнало гранката на повисоко ниво не само за решавање на проблемите во секторот.



-Идејата е стара, но сега државата е зрела за формирање на министерство за туризам. Мислам дека тоа министерство, ако биде вистинско, во кое ќе бидат луѓе професионалци од секторот кои знаат што е туризам и што треба да се направи за негов раст, не политичари, ќе придонесе многу за развојот на туризмот а со тоа и за државниот БДП. Со самото тоа што ќе има министерство, туризмот ќе добие на вредност не само во земјата туку и во рамки на туризмот во Европа и во светот. Ќе може да бидеме активен член на асоцијацијата за туризам на Европа, во која сме, но не како држава претставник. Тоа ќе придонесе да имаме и повеќе пари за проекти во ЕУ и да дадеме поголем придонес во одлучувањето за туризмот во унијата – вели Дончо Нацев , сопственик на Туристичка агенција за Плусинфо.

Туристичките работници велат дека земјите кои најмногу профитираат од туризмот имаат формирано министерства за туризам. Од соседството вакви министерства имаат Албанија која е една од најбрзорастечките земји во секторот, а министерство имаат и Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Извор: https://plusinfo.mk/turizmot-bara-svoe-ministertvo-taa-granka-mozhe-da-donese-mnogu-pari-a-a-shutkaat-od-eden-do-drug-resor/