Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје ќе се одржи Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“, по повод 150 години од неговото раѓање.
Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова. МИА







