Три земјотреси ноќеска во Македонија

 

Најсилен беше земјотресот со јачина од 3,2 степени во околината на Гевгелија, нешто по 0,13 часот,соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри од Ѓевѓелија и го почувствувале и жителите на Дојран.



Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Десетина минути подоцна, земјотрес беше почувствуван и во северниот дел на земјава, со јачина од 2,5 степени и со епицентар на граничната точка „Блаца“ на границата Северна Македонија и Косово. Земјотресот го почувствуваа жителите на Скопје и околината./Телеграфи/