Никол Кидман (50) ја доби наградата за најдобра актерка во “Големите мали лаги” во серијалот на HBO, а со награди се здобија и нејзините колеги од серијата. Александар Скарсгард (41) и Лора Дерн (50) добија награди за споредни улиги, додека Жан-Марк Вале (54) за најдобар режисер.
Покрај „Големите мали лаги“, победник на вечерта беше и “Приказните на слугинката”, која беше прогласена за најдобра серија, а Елизабет Мос (35) е прогласена за најдобра главна актерка во драмска серија. Серијата, исто така, освои награди за продукција и сценарио.

Најдобра комедија е „Вип“, а најдобра актерка во комедија е Џулија Луис-Драјфус (56), со што го надмина рекордот од осум Еми награди.

Најдобар актер во комедијата „Атланта“ е Доналд Гловер (33), а серијата ја доби и наградата за најдобар режисер.

По речиси 20 години Еми награда за најдобар актер беше доделена на афро-американец, а тоа е Стерлинг К. Браун (41) за улогата во серијата „Тоа сме ние“.





