Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики, кој сака пак да ќари повеќе?!

Во следниот период се очекува поинтензивна работа на Комисијата за заштита од конкуренцијата околу Законот за нефер трговски практики. Комисијата е комплетирана и за се она што што ќе биде утврдено како неправилност во однос на Законот, има пропишано законски одредби што ќе треба да се спроведат.



Министерството за економија и труд е задолжено за спроведување на законот, а според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, овој закон не е само за заштита на производителите, добавувачите и трговците, туку и за заштита на стадндардот на граѓаните.

  • „Законот можеби не е идеален тоа ќе покаже практиката… ќе го пратиме Законот, имплементирање на Законот во соработка со бизнис секторот, пред се со производителите, добавувачите па и маркетите, ќе видиме дали во блиска иднина ќе треба да се променат одредени делови, членови во Законот“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Од бизнисот бараат промени во Законот за нефер трговија, кој треба да стави крај на проблeмите со цените. Велат – одредени работи во него се недефинирани и поради тоа се јавуваат потешкотии во работењето кај трговците,  производителите и дистрибутерите. Генерално сметаат дека повторно треба да се разгледа ограничувањењто на маржите и повратот.

Иако трговците со Законот за нефер трговски практики се ограничени маржата што ја наплатуваат од производителите и дистрибутерите да биде максимум 10 отсто, не се откажуваат од намерата да ја вратат можноста за екстра заработувачка. Пред да се донесе Законот, маржата што ја наметнуваа трговците се движеше и до 40% и затоа се воведе законското ограничувањето. Со ова се сака да се влијае на намалување на цените на производите, а со тоа и на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните.

Сега, додека да се донесе нова од бизнисот не можат да гарантираат дека нема да има нов скок на цените. Властите пак апелираа да се задржат цените за да нема поригорзни мерки како замрзнување на цени и маржи.