Трговската размена на Македонија и Бугарија е 300 милиони евра

Над 600 милиони лева (околу 300 милиони евра) е годишната трговска размена помеѓу Бугарија и Макдонија, пишува денешен „24часа.бг.



Само за девет месеци од 2017 година бугарските компании извезоа во Македонија стоки во вредност од 300 милиони лева, а увозот бил 234 милиони лева, така што се очекува за целата година размената да надмине 600.000 милиони лева.

Од 2011 година наваму, стоковната размена меѓу двете земји традиционално се движи околу оваа бројка, пишува „24 часа“.

Растот на трговијата е 10.8 проценти, а бугарскиот извоз е зголемен за 3 отсто.

За разлика од 2016 кога бил забележан пад на увозот од Македонија, во деветте години од минатата 2017 година тој се зголемил за 22,6 насто.

Најголем дел од бугарскиот извоз во Македонија го сочинува електрична енергија, нафтени деривати…