„Сите кои ја знаат Универзалната сала, сме погодени она што денес, за жал, и се случи. Таа е симболот на културата во Скопје.
Во 2016 имаше проект за нова сала во форма на јајце, но имаше многу реакции.
За вториот проект, со кој се задржа изгледот и кој имаше и подземно паркирање, повторно имаше негодување”, вели поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, пренесува порталот “Скопје.мк“.
„Со овој проект, рече Трајановски, отидов во 2017 кај тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски на кого му реков дека ќе биде запаметен.
Трајановски вели дека „ништо не бидна од ова.
Шилегов вети дека ќе му биде ова прв проект, но тој нарача нов проект без паркирање. Ова е капитален проект и треба да биде финансиран од Владата.
Поранешниот прв човек на Скопје вели дека доколку бил градоначалник до 2021 новата Универзална сала” ќе беше отворена.






