Претседателот Трамп го обвини својот украински колега Володимир Зеленски дека изарчил или спискал милијарди долари американска помош за земјата разорена од војна.
Трамп, во интервју во петокот со водителот на „Специјалниот извештај“ на Фокс њуз, Брет Бајер, инсистира дека управувањето со средствата обезбедени од САД од страна на Киев го вознемирува повеќе од количината пари што Вашингтон ѝ ги доделил на Украина по руската инвазија во февруари 2022 година.
„Парите се пари“. „Она што ме вознемируваше – мразев да гледам како се арчат парите“, порача Трамп.
Според Трамп Зеленски е најголемиот трговец на светот. Тој признава дека украинскиот претседател е многу подобар трговец од него.
Трамп ги изрази своите фрустрации од начинот на кој Зеленски ја ракуваше американската помош како одговор на прашањето од Бајер дали размислува за дополнителни санкции против рускиот претседател Владимир Путин.
„Мразев да гледам дека чековите се испраќаат во вредност од 60 милијарди долари секој пат кога Зеленски патува во Вашингтон“, се налути тој.
Европјаните се многу тешко погодени од ова смета американскиот претседател.





