Трамп: „Тие мамат, само така можам да изгубам“

 

„Ако изгубам, и ќе ви кажам тоа е можно, затоа што мамат. Само така можеме да изгубиме, бидејќи тие мамат“, рече поранешниот претседател, кој сè уште не го признал поразот во 2020 година во Мичиген по што следуваше насилен упад во американскиот Капитол од страна на неговите поддржувачи.



Трамп ја засноваше својата кампања на ветувања за заживување на „уништената“ американска економија, борба против криминалот и заштита на Американците од илегални имигранти.

Противниците го критикуваат за неговиот „параноичен“ стил и лажните тврдења дека, на пример, мигрантите од Хаити  „јадат мачки и кучиња“ или дека демократите подготвуваат изборна измама.

На другата страна е демократката Камала Харис, која во случај на победа би станала првата жена на таа позиција.

Актуелнata американскa потпретседателкa со индиско-афроамериканско потекло го наследи Џо Бајден, кој самиот се повлече од трката за претседателски кандидат.

Анкетите покажуваат дека  кандидати се изедначени на национално ниво, но и во „променливите“ сојузни држави.

Први резултати: Харис – Трамп 3 : 3

Повеќе од 77 милиони Американци веќе го дадоа својот глас, но денот на изборите ќе покаже чија кампања беше поуспешна во мотивирањето да излезат на гласање.

Во последните денови од кампањата, двете партии ги преплавија социјалните мрежи и традиционалните медиуми со последниот круг на публицитет, но и со волонтери кои тропаа на вратите на потенцијалните гласачи.