Трамп: Русија е спремна за мировен договор, со Украина оди потешко

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи со договорот е „потешко отколку што очекуваше“, пренесува Индекс,хр



„Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да постигнеме договор со Зеленски и се надевам дека ќе направиме. Мислев дека ќе биде полесно да се постигне договор со Зеленски“.

Досега беше потешко. Но, добро, тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека верува оти има „договор од двете страни“ и изрази надеж дека тој ќе се реализира.

„Сакам да спасувам животи. Трошиме многу пари, но тука се работи и за хуманост“, рече Трамп.

Претходно истиот ден, Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за изјавата на прес-конференција во вторникот на која тој ја отфрли можноста за признавање на руската окупација на Крим.

Трамп за Зеленски: Може да избере меѓу мир и уште три години борба пред да ја изгуби целата држава