Од изборниот штаб на поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп побараа американските власти да ја зголемат неговата безбедност и воен авион за Трамп да лета во текот на последните недели од кампањата, пренесува The Washington Post, од свои извори.
Побарани се ограничувања на летови над резиденции и места каде ќе се одржуваа предизборни собири, стакла отпорни на куршуми и придружба со воени возила.
Од штабот инсистираат и воени авиони да ги покриваат местата на предизборните митинзи.
Барањата се без преседан – ниту еден кандидат во поновата историја не бил превезуван со воен авион пред избори.
Барањата дојдоа по информациите дека Иран крои заговор за негов атентат.
Ројтерс: Иран кроел план за убиство на Трамп
Трамп, беше нападнат повеќе од еднаш за време на неговите предизборни говори. Тоа, исто така, доведе до оставки на високо ниво поради безбедносните прекршувања.
Тајната служба соопшти дека Трамп добива „највисоки нивоа на заштита“.





